Демонстранти се судрија со полицијата за време на завчерашните протести во неколку грчки града што се одржаа по повод петгодишнината од убиството на раперот Павлос Фисас.

Судири имало во Атина и во градовите Патра и Солун, каде што групи демонстранти мавале со камења и шишиња врз полицајците, кои одговориле со солзавец. За убиството на 34-годишниот рапер, кое се случи во 2013 година, беше уапсен приврзаник на грчката неофашистичка партија Златна зора.