Бугарската влада го преживеа гласањето за недоверба што го бараа опозициските социјалисти, кои ја обвинуваат дека не успеала да ја искорени ендемската корупција.

Против изгласувањето на недоверба беа 124 пратеници во парламентот кој има 240 места, додека 102 пратеници гласале „за“, пренесе „Ројтерс“.

Веќе скоро две недели, илјадници Бугари протестираат против владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов поради корупцијата.