Телото на вториот работник од хидроелектраната „Дубровник“ е пронајдено синоќа на брегот на морето во Цавтат.

Полицијата потврди дека телото на работникот е пронајдено околу 21:50 во Цавтат. Претходно беше потврдено дека телото на еден работник е пронајдено во четврток попладне, а сè уште се трага по третиот.

Во пожарот, кој вчера утрото изби во хидроделектраната „Дубровник“, шест лица се лесно повредени, од кои три беа префрлени во болница.

Пред пожарот се случи експлозија, но причината сè уште не е позната.