Спасувачките тимови во еден од одводните тунели на хидроцентралата „Дубровник“, кај хрватскиот место Плат, го пронајдоа телото и на третиот работник, кој се водеше како исчезнат по експлозијта и пожарот во електраната, што се случи во четвртокот.

При експлозијата и пожарот, загина еден работник во хидоцентралата, шестмина беа полесно повредени, а уште двајца се водеа како исчезнати.

По исчезнатите работници беше организрана спасувачка акција на потегот меѓу Превлака и Млет, која беше отежната поради лошите временски услови.

Првиот исчезнат работник беше пронајдено во петокот на плажа кај Цавтат, додека телото на третиот е откриено вчера откако било решено повторно да биде испуштена водата од одводниот тунел на централата.