Земјите наследнички на СФРЈ ја продадоа зграда на амбасадата на поранешна Југославија во Бон за околу 3,7 милиони евра, според новинската агенција СТА, повикувајќи се на словенечкото Министерство за надворешни работи.

Зградата на амбасадата, која зафаќа површина од 5.400 квадратни метри со градина, е изградена пред повеќе од 40 години, но не е користена во последните две децении, така што е во многу лоша состојба.

Амбасадата последен пат ја водеше словенечкиот дипломат Борис Фрлец како амбасадор на поранешна Југославија во Сојузна Република Германија меѓу 1989 и 1991 година.

Покрај резиденцијата во Бон, земјите наследнички на СФРЈ во текот на изминатата година и пол ги продадоа и поранешниот конзулат во Њујорк и поранешната амбасада во Токио.

На продажба се и зградите на некогашната мисија на Југославија во Њујорк и на поранешната амбасада во Берн, јавува словенечката агенција.