Вонредна состојба е прогласена во три грчки региони, во централниот дел на Грција пренесуваат, грчките медиуми.

Регионите на Тирнавос, Потамија и Фаркадона, поради неодамнешните земјотреси, се под вонредната состојба која според тамошните агенции, ќе биде во сила шест месеци од денот на настанувањето на земјотресот, односно до 3 септември.

Вонредната состојба е воведена по наредба на заменик министерот за цивилна заштита и управување со кризи Никос Хардалиас.

Грчките весници пренесуваат, дека вонредната состојба ќе им овозможи на жителите и општинските власти да имаат право на човечка помош и финансирање за реконструкција на штета на стотици домови и компании, како и делови од мрежата за патишта и водоснабдување.

Пред два дена централниот дел на Грција беше погоден од два силни земјотреси со јачина од 6,3 и 5,9 степени.