Приштинските власти, наводно, ја активираа акцијата „Челичен прстен“ која подразбира блокада на патните патишта, како и контрола на возила и на лица, откако полицијата се наоѓа на сите алтернативни премини, пренесуваат српските медиуми.

Според неофицијални информации, Косовскиот заштитен корпус повлекол делови од пограничните единици од премините кон Македонија и кон Албанија, со што нивните припадници се очекува да бидат распоредени на северот на Косово. Нивна задача, наводно, ќе биде блокирање на алтернативните патишта што водат од централна Србија кон северот на Косово.

Дел од белградските медиуми предупредуваат за можно апсење на српските функционери на Косово.