Косовската министерка за правда, Аљбуљена Хаџиу, го обвини претседателот на Косово, Хашим Тачи, дека одржува состаноци од име на Косово иако за тоа нема мандат според Уставот што го усвои косовскиот парламент, пренесува „Танјуг“.

– И покрај преговорите што Тачи сега може да ги договори, имаме влада која нема да дозволи потпишување спогодби на штета на Косово – рече Хаџиу.

Таа посочи дека нема да помине ниту територијалната размена на Заедницата на српски општини.

Тачи вчеравечер во Белата куќа се сретна со спрскиот претседател Александар Вуќиќ на покана на специјалниот пратеник за дијалогот, Ричард Гренел.