Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај не прифаќа укинување на дополнителните такси од 100 отсто, кои Приштина ги воведе за увозот на стоки од Србија и БиХ, што беше потврдено на состанокот на лидерите на владејачката коалиција.

Како што пренесува приштинскиот портал „Лајми.нет“, на состанокот не се зборувало конкретно за таксите, но лидерите на коалицијата ветиле дека ќе ги интензивираат чекорите и ќе ги координираат одлуките со стратешките партнери на САД и ЕУ.

На состанокот, исто така, се дискутирало за платформа за дијалог со Белград, која наскоро треба да биде усвоена од косовскиот Парламент.

– Платформата за дијалог ќе ја одрази единствената позиција на институциите за постигнување на правно обврзувачки сеопфатен договор, кој би требало да резултира со взаемно признавање и членство на Косово во ОН – се вели во соопштението на косовската Влада.