Косово донесе одлука да не му издаде дозвола за влез во државата Косово на ниту еден претставник на официјалн Белград, а како причина за одлуката ги наведуваат провокациите и однесувањето на „оваа земја“, пренесува „КосСев“.

Јетљир Зуберај, советник на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, преку соопштение на својот профил на Фејсбук рекол дека министерството донесло таква одлука поради казаните и нападите на северот на Косово и други проблеми.

– Поради хибридните закани на Србија кон Косово, поради постојаната пропаганда и лажните вести за земјата и за нашите граѓани како и поради скорешните напори да се спречи т.н. хуманитарна криза на северот од Косово заканувајќи му се на српското население и принудувајќи го да ги затвори фирмите само поради некои политички цели на Белград, косовското МНР нема да му дозволи на ниеден претставник од Белград да го посети Косово и сите барања ќе бидат одбиени додека не се прекине со таквото однесување – напиша Зуберај.