Првата претседателка на Грција, Катерина Сакеларопулу, положи заклетва на церемонијата на која присуствуваа само мал број луѓе поради епидемијата на коронавирусот. На церемонијата немаше ракување поради истата причина.
Сакеларопулу (64), поранешна претседателка на Државниот совет, највисокиот административен суд во Грција, го наследи Прополис Павлопулос на петгодишна претседателска должност.
Досега во Грција се пријавени еден смртен случај и 117 случаи на инфекција со коронавирусот.