Стапи на сила изборниот молк во соседна Бугарија пред утрешните парламентарни избори, први во услови на пандемија.
За 240- те места во Парламентот се борат 6.895 кандидати од 30 партии и коалиции.
Аналитичарите предвидуваат дека за финалниот исход на изборите може да влијае евентуалната слаба излезеност поради стравот од коронавирусот. Дел од аналитичарите во Бугарија сметаат дека е време идната влада да покаже поголема грижа кон граѓаните.

Според последните истражувања партијата на актуелниот премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов има рејтинг од околу 28%, следи партијата на социјалистите на Корнелија Нинова со 20%. Трета е партијата на шоуменот Слави Трифунов „Има таков народ“ со 12.5%.