Во Грција денеска се одржуваат предвремените парламентарни избори.

Премиерот, Алексис Ципрас ги распиша изборите три месеци порано од предвиденото, бидејќи неговата левичарска партија СИРИЗА на мајските избори за Европскиот Парламент претрпе пораз од конзервативната Нова Демократија на Киријакос Мицотакис, а судејќи по анкетите досегашната опозиција е фаворит во трката на предвремените избори.

„АП“ пренесува дека Мицотакис од европските избори до сега уште повеќе ја завцрстил поддршката која ја има во јавноста во однос на Ципрас.

Вонредните избори се случуваат во момент кога Грција настојува да се извлече од децениската финансиска криза.