Предвремените избори, на кои повика грчкиот премиер Алексис Ципрас, ќе се одржат на 7 јули, изјави во телевизиско интервју портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос.

-Одлуката на премиерот е изборите да се одржат на 7 јули за да се избегне нарушување на процесот со приемните испити- рече тој, пренесе новинската агенција АНА-МПА.

Претходно, „Катимерини“ јави дека се размислува за поместување на првичниот датум поради испитите, со оглед на тоа што повеќето од избирачките места се наоѓаат во училишта каде што се одржуваат тестирањата.

По поразот на владејачката партија СИРИЗА на изборите за Европскиот парламент, премиерот Алексис Ципрас најави дека ќе побара распишување предвремени парламентарни избори.