Жителка на грчкиот остров Лезбос е позитивна за коронавирусот, пренесуваат грчките медиуми кои предупредуваат и дека на овој остров неодамна пристигнале повеќе стотици мигранти.

Жената денеска била примена во болница.

Грчкото Министерство за здравство во забележа 11 нови случаи на коронавирус со што бројот на заразени во земјата достигна 84 лица, меѓу кои и тројца странци, но не е прецизирана нивната националност.

Според министерството, 27 лица се хоспитализирани, а 57 се во домашна изолација.

Повеќето се од група аџии кои патувале со автобус до Израел и Египет.
Четириесетгодишната жителка на Лезбос неодамна патувала за Израел, но не со наведената група, јавувија грчките медиуми.

Таа е во изолација од неделата, а нејзините деца денеска не биле на училиште, јави државната телевизија ЕРТ.

Грчките власти неколку пати изразија загриженост во врска со можноста за ширење епидемијата на островите каде престојуваат илјадници мигранти.

Минатата недела пристигнаа над 1.700 нови баратели на азил на егејските острови, повеќето од нив на Лезбос, откако Анкара ги отвори границите.