Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар вонредно се обрати во јавноста, потврдувајќи дека во Србија е регистриран првиот позитивен случај на коронавирус.

Тој нагласи дека прес-конференцијата била свикана еден час по добивањето на позитивните резултати.

– Се случи она што го очекувавме сите, а беше реално и прашање на време. Го имаме првиот позитивен случај на коронавирус – изјави Лончар.

Станува збор за 43-годишен маж од Суботица кој во повеќе наврати престојувал кај сестра си во Будимпешта, која имала симптоми на коронавирус, по што и тој ги почувствувал истите симптоми. Мажот одговорно самиот се пријавил, по што бил тестиран.

– Неговите деца биле кај бабата и дедото, и тој останал сам со сопругата во станот со која истотака имал ограничен контакт, и му носела храна без контакт. Мажот се ставил самиот во изолација – рече српскиот министер.

Инаку од неодамна првите два случаи на зараза беа потврдени во Унгарија, а премиерот Виктор Орбан кажа дека станува збор за двајца ирански студенти кои студираат во Унгарија.