Турските власти објавија дека првата испорака на рускиот ракетен одбранбен систем С-400 денеска пристигнал во земјата, со што се зголемува можноста за воведување санкции на САД кон Анкара.

Турското министерство за одбрана објави дека системите С-400 стигнале во воздухопловна база во близина на главниот град Анкара.

САД ја предупредија Турција дека ќе се соочи со економски санкции ако не се откаже од купувањето на рускиот ракетен систем.

Вашингтон, исто така, рече дека Турција нема да добие дозвола да учествува во програмата за производство на борбени авиони Ф-35.

Турција одби да се повлече пред американскиот притисок, тврдејќи дека суверена земја има право да одлучи од кого ќе купува воена опрема.