Силен дожд предизвика поплави и сериозни проблеми во населби во северниот дел на Атина. Еден паркинг, со над 50 автомобили целосно се поплави, а по наредба на полицијата затворени се за сообраќај неколку поплавени улици.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од противпожарната служба на Грција соопштија дека добиле 140 повици за помош на возачи и за затнати шахти.

За сега нема информации за повредени граѓани.

Околината на Атина претходните денови беше зафатена од пожари во кои загинаа најмалку 82 лица. 

И понатаму продолжува потрагата по исчезнати лица, чиј број не е прецизиран, но само во становите и куќите што се отворени.