Два земјотреси рано утрово ја потресоа Босна и Херцеговина. Епицентарот на потресите бил на местото на епицентарот на неодамншениот потрес, кој пред неколку дена ги исплаши жителите на оваа земја.

Првиот бил во 4 часот утрово со интензитет од 4,1 степени по рихтеровата скала на длабочина од 2 километри. Епицентарот му бил на 5 километри од Невесиња, 67 километри од Дубровник и 71 километар од Сараево.

Другиот земјотрес бил послаб со интензитет од 2,9 степени по Рихтер со епицентар на 18 километри од Невесиња, 56 километри од Сараево. Двата потреси се почувстувани во Далмација.

Земјотрес синоќа ја погоди и Албанија со јачина од 4,2 степени по Рихте. Епицентарот на потресот беше на 39 километри северозападно од Тирана на длабочина од 10 километри.

Потресот беше почувствуван и во нашата земја, но со послаб интензитет.