Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер го погоди утринава западниот дел на Пелопонез.

Епицентарот на земјотресот бил на 37 километри југозападно од Пилос, на длабочина од 30 километри.

Нема податоци за повредени или материјална штета.