Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер бил почувствуван синоќа во близина на Атина, а засега нема информации за материјални штети или повредени.

Епицентарот се наоѓал на 29 км североисточно од Атина, на длабочина од 9,4 километри.

Потресот се почувствувал во грчкиот главен град и предградија, јавија грчки медиуми.