Властите во Грција почнаа истрага за финансиски криминал во грчкото претставништво на УНИЦЕФ, јави порталот „Бестњуз“.
Проверките ги побарала претседателката на националниот комитет на УНИЦЕФ во Грција, Софија Ѕиѕику, која по преземањето на функцијата инсистирала да се провери грчкиот огранок на организацијата.

Обвинителството ќе ги испита фактите што ги презентирала Ѕиѕику и ќе биде сослушана како сведок.
Прелиминарна истрага беше наредена само неколку дена откако УНИЦЕФ одлучи да го „затвори“ своето грчко претставништво поради криминални активности во финансиите на грчкиот огранок за кои беше откриено дека траеле 15 години до 2015 година.