На 66-годишна возраст, почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, јавуваат хрватските медиуми. Нему му се слошило доцна синоќа и со Брза помош бил превезен во болница, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно.

Од Градот Загреб соопштија дека Бандиќ починал како последници на срцев удар.

– Живееше за својот град, за загрепчани и загрепчанки кои за се што работеше му беа на прво место, за работата која со љубов и енергија, внесувајќи се себеси, ја обавуваше 21 година. За деталите, за терминот на погреб, одржувањето на комеморацијаа, како и останатите информации поврзани со оваа тажна вест, јавноста ќе биде информирана дополнителнo. Нека почива во мир – соопштија од Град Загреб.

Тој во 2003 година доживеал и тежок мозочен удар. Пред три години му бил вграден стент, а во јуни минатата година беше хоспитализиран. Тој исто така имал белодробна емболија и неколку операции, вклучително и операција на гласните жици.