Потпретседателот на српскиот Парламент од редовите на Социјалистичката партија Ѓорѓе Милиќевиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа, која се случила на патот Словац – Уб, пренесува РТС.

Милиќевиќ бил итно опериран во родното Ваљево, а операцијата траела речиси пет часа поради сериозни повреди на внатрешните органи и обилно внатрешно крварење.

Од засега неутврдени причини, автомобилот со кој управувал возачот на Милиќевиќ излетал од патот и удрил во ограда. Во несреќата е тешко повреден и неговиот возач Дејан Јаковлевиќ.

На местото на несреќата не се забележани траги од кочење, а автомобилот во кој се наоѓале е испратен на вештачење.