Во Босна и Херцеговина, поточно на подрачјето на Република Српска, е потврден првиот случај на заразен со коронавирус, потврди Министерството за здравство на Република Српска, пренесе Кликс.ба.

Во Република Српска во моментов под надзор се наоѓаат 44 лица, кои допатувале од подрачја зафатени со вирусот, а досега не бил пријавен ниеден случај на заболен.

На подрачјето на Федерацијата БиХ досега не е регистриран ниту еден случај на болеста предизвикана од новиот коронавирус.