Вториот случај на коронавирус е потврден денес во Словенија, а станува збор за лице кое било во контакт со првозаболениот, рече министерот за здравство Алеш Шабедер.

Властите прават сѐ што можат за да ги идентификуваат што е можно поскоро другите луѓе кои биле во контакт со човекот кај кој е потврден Ковид-19, рече Шабедер.

Пациентот бил пренесен со брза помош во Клиничкиот центар во Љубљана и таму е во изолација.

Првиот пациент со новиот коронавирус е шеесетгодишен маж кој беше во Мароко и се вратил во Словенија со авион преку Италија на 29 февруари.

Бидејќи првиот заболен веќе имал симптоми кога слетал во Венеција, а се вратил во Словенија со комбе со уште неколку лица, тие ќе бидат прегледани од епидемиолози, соопшти Националниот институт за здравство на Словенија.