Поројни дождови предизвика поплави во јужна Грција, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Поради поплавите, запрен е сообраќајот на дел од автопатот Пиргос-Триполи и на магистралниот пат Пиргос-Кипарисија во близина на селото Каликомо.

Дождовите предизвикаа проблеми и во селото Лацој во областа Пиргос, како и во градот Оленија, каде што поминува реката Енипеа.

Локалните власти планираат да прогласат вонредна состојба во областите погодени од поплавите.