Поранешниот врховен командант на НАТО во Европа, генерал Весли Карк, денеска ќе го посети Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кларк, кој во 1999 година ги предводеше силите на Алијансата во 78-дневната воздушна кампања против режимот на српскиот лидер Слободан Милошевиќ, односно против српските воени сили, ќе биде гостин на гала вечерата за собирање фондови насловена „Поддржи ја наредната приказна на успехот“.

Манифестацијата е во организација на невладиниот Рочестерски институт за технологија (РИТ), односно на Американскиот Универзитет на Косово (АУК). Собраните средства, како што соопштија организаторите, ќе се наменат за стипендирање на талентирани и непривилегирани студенти.

Генералот Кларк се пензионира со четири ѕвезди по 38-години служба во војската на САД.