Кон средината на следниот месец се очекува повторно да биде отворена популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, но само делумно, објавија грчките медиуми.

Откако во септември минатата година по одрон на карпи и лизгање на земјиште беа полесно повредени седум лица, плажата, со одлука на крајбрежната служба од островот, беше затворена за туристите.

Во текот на следниот месец ќе биде пристапна за туристите, но под надзор на крајбрежната служба, додека пак делот што претрпе материјална штета веројатно нема да биде отворен, јави дописничката на МИА од Атина.

На 13 септември минатата година од непознати причини на плажата почнале да паѓаат карпи од голема височина, предизвикале силни бранови кои ги превртеле чамците и бродовите кои во тој момент се наоѓале во близина на плажата, при што седум лица беа полесно повредени.