Поплавени куќи, урнати мостови и уништени патишта се дел од штетите кои ги предизвика вчерашното невреме во централните делови од Босна и Херцеговина.

Најлоша е состојбата на подрачјето на општината Маглајм, каде што се излеа реката Фојница и поплави неколку куќи, а во Зеница поплавени се неколку населби.

Поплави има и во местото Малина кај Травник каде локалните медиуми јавија дека биле поплавени неколку објекти.

Денеска состојбата е нормализирана.