Идејата на хрватскиот министер за труд и пензиски систем Марко Павиќ да ги спаси младите пензиски осигуреници што малку време штеделе во вториот пензиски столб, со што на идните пензионери ќе им бидат скратени за 27 отсто, е целосно бесмислена. Со овие реформи во пензискиот систем, кој започна во 2002 година, се доведува во прашање смислата за издвојување во пензиските фондови, а самиот предлог на министерот претставува најголема меѓугенерациска неправда, пишуваат медиумите во Хрватска.

Доколку хрватската влада опстои на својата намера, со мерката ќе бидат опфатени членовите од вториот пензиски столб од генерацијата родени во 1962 година, ќе можат да добијат додаток од 27 отсто, само ако заштедата од вториот столб ја пренесат во првиот пензиски столб, односно на државниот буџет.

– Од Министерството тврдат дека 97 отсто од луѓето од вториот пензиски столб при заминувањето во пензија ќе преминат во првиот столб, а само оние со поголеми плати нема да го направат тоа. Истовремено се тврди дека за 20 години сѐ поголем број луѓе ќе имаат поголема пензија ако останат во вториот пензиски столб. Според моја процена, тој процент ќе биде мал. Со ова се отвора прашањето зошто останува во сила издвојувањето од пет отсто за вториот пензиски столб – вели Нестиќ за „Слободна Далмација“.

Со новиот модел предложен од Владата на Хрватска ќе се намалува уделот на просечната пензија во просечниот БДП и затоа на среден рок тој е поповолен за државата, но долгорочно тој е многу неповолен за пензионерите.