Српската полиција е во потрага по лица кои со три автомобили утрово удриле во капијата на куќата на познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ, јави Танјуг.

Тие наизменично удирале со возила во влезната порта од куќата, и потоа побегнале во непознат правец.

Инцидентот се случил утрово околу седум часот во Белград.