Полициска службеничка во Гњилане убила четворица членови од нејзиното семејство, па извршила самоубиство, пренесуваат косовските медиуми.

Се претпоставува дека полицајката В.Б. ги убила двајцата родители и двајцата браќа, а потоа се самоубила, покажуваат првичните информации.

На лице место стигнала полицијата, обвинител и медицински тим кои веднаш констатирале смрт кај сите, а потоа телата на наредба на обвинител се испратени на обдукција на Институтот за судска медицина во Приштина.

Случајот се истражува.