Специјалното обвинителство на Косово покрена обвинение протиив Пал Лекај, актуелен министер за инфраструктура и екс градоначалник на Ѓаковица.

Информацијата ја потврдил специјалниот обвинител Фаик Халили, но одби да даде повеќе детали,освен дека кривичната пријава е доставена до Основнот суд во Ѓаковица.

– Лекај е осомничен за злоупотреба на службената положба, за време на двата градоначалнички мандата од 2007 до 2013 година.Во претходниот парламентарен состав тој беше пратеник од Алијансата за иднината на Косово и координатор на пратеничката група на партијата. По ланските јунски парламентарни избори неговиот партиски лидер и премиер,Рамуш Харадинај, го назначи за министер за инфраструктура – наведува електронското издание на веснкот „Експрес“

Специјалното обвинителство на Косово пред десеттина дена соопшти дека ќе покрене обвиненија против 11 високи функционери, меѓу кои има и министерот Лекај, како и повеќемина пратеници, осомничени за нарушување на рамноправниот статус на државјаните и граѓаните на Косово.

Според обвинението, тие ја злоупотребиле службената положба со цел да обезбедат незаконски привилегии и погодности за лица кои конкурирале на различни функции, со што ги оневозможиле и ги ограничиле со закон загарантираните права и слободи на другите кандидати.

Тие вработувале и делеле функции врз основа на партиска припадност и лични познанства. Случајот во јавноста е познат како „Пронто 1“.