Во централните делови на Грција, во близина на Ламија, избувна пожар, а недостапниот терен и силниот ветeр ја отежнуваат работата на пожарникарите.

Ангажирани се два канадера, кои го гаснат пожарот од воздух.

Одделот за противпожарна заштита соопшти дека пожарот е од поширок размер и дека биле побарани дополнителни сили за противпожарна заштита.

Пожарот избувнал во близина на селото Диври, 12 километри северно од Ламија, објави агенцијата АНА.