Пожарот кој гори на Крит делумно е ставен под контрола, соопштија денеска локалните власти.

Пожарот избувна вчера, а шефот на противпожарната служба Јанис Марангакис изјави дека изгореле околу 60 хектари шума и растенија, како и 10 хектари земјоделско земјиште.

Пожарникарите се уште се на теран за целосно да го изгаснат пожарот и да спречат повторно да се разгори.

Весникот „Катимерини“ вчера објави дека на терен биле 14 противпожарни возила и 30 пожарникари и оти локалните власти ангажирале волонтери да помогнат во совладувањето на пожарот.