За време на протестот на мигрантите на грчкиот остров Лезбос предизвикани беа два пожари, а дојде и до немири со полицијата.

Според непотврдени информации, две лица загинале во кампот Мориа.

Мигрантите бараат да бидат преместени на копнениот дел во Грција.

– Ситуацијата е напната. Има информации дека мајка и дете загинале, но не можеме да ги потврдиме – изјави за „АП“, градоначалникот на Лезбос, Стратис Кителис.

По тој повод на Твитер се огласи и УНХЦР во Грција, наведувајќи дека се информирани оти жени и дете загинале во пожарот на Лезбос.

Портпаролот на грчката полиција, Теодорос Хронопулос, изјави за „АП“ дека мигрантите попладнево запалиле дрво пред кампот. Неколку минути подоцна, предизвикале пожар во кампот.

Градоначалникот на Лезбос соопшти дека пожарот се изгаснат.

Во кампот се наоѓаат околу 12.000 лица повеќето од Авганистан, а предвидено е просторот да собере 3.000 луѓе.