Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола, а пожарникарите цела ноќ се борат со огнот. Во гасењето на пожарот уште од утрина учествувааат и авиони.

Куќите во селата засега не се во опасност затоа што голем број пожарникари го опколија селото за да го заштитат населението и куќите, пренесува грчки „Катимарини“.

На пожарникарите од Закинтос им помагаат околу 120 колеги со 45 возила од цела Грција. Пожарот во Закинтос избувнал вчера околу 11 часот.