Грчките пожарникари наредија евакуација на местото Лагониси, околу 30 километри од Атина, како и на одморалиштето Саронида на Атика, бидејќи пожарите што избија денеска се приближуваат кон куќите.

Како што пренесе „Ројтерс“, околу 25 пожарникари со помош на хеликоптери го гасат пожарот на Лагониси, а ветрот дополнително им ја отежнува работата.

Во околината на одморалиштето Саронида исто така дува силен ветер и го отежнува гасењето на пожарот, па повикано е засилување, пренесе АНА.

Огнот го гасат 42 пожарникари со 19 возила, а од воздухот се борат и хеликоптери.

Нема извештаи за повредени или материјална штета.