СРБИЈА

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека домашните тестови за коронавирус, кои се појавија во аптеките, се повлечени од продажба. Тие тестови, како што објасни таа, не добиле одобрение од Агенцијата за лекови и медицински помагала.
– Луѓето увезуваат вакви тестови и се наоѓаат во аптеките. Па, не можете да контролирате сè што се случува во Србија секоја минута – рече таа.
Докторот Бранимир Несторовиќ рече дека знае оти тестовите се увезуваат во земјата на црниот пазар.
– Тоа е серолошки брз тест, чии вредности се речиси нула – рече тој.
Од движењето „Еден од пет милиони“ вчера излегоа со критики за пуштањето во продажба на брзите тестови и нивно повлекување и обвинија дека во Србија управува „ковид-мафијата“.
– Како овие тестови се најдоа во државните аптеки ако немаат одобрување? Како е можно таблоидите да го рекламираат овој тест, а министерот и партнерите да немаат никаква врска со тоа – прашаа од движењето „Еден од милион“.