Од 30 до 35 илјади деца во Грција годинава нема да можат да одат во градинка, изјави државниот секретар во грчкото Министерство за труд Димитрис Карелас кој додаде дека минатата година тој број изнесувал меѓу 10 и 15 илјади.

Причината за проблемот е што доцни изградбата на нови градинки.

– Нашата желба е максимално брзо да стигнеме до 5.000 градинки од 3.000 колку што имаме сега, рече Карелас.

Според него, вината за недоволниот број места во градинките е во општините кои добиле 15 милиони евра од примарниот суфицит на буџетот, наменети за оваа цел.