Пет лица се повредени при експлозија и пожар во продавница во центарот на Белград до кои дошло непосредно пред 9 часот утринава, како што потврдиле за РТС од српското министерство за внатрешни работи.

Експлозијата се случила во ресторан за брза храна за време на поправка на плинска боца, при што локалот целосно е уништен, а од силината на експлозијата оштетени се уште два локала и искршени се прозорците во околните згради.

Сите повредени се медицински згрижени, додека на терен изглегле и четири противпожарни екипи.