Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, изјави за „Блиц“ дека косовската влада работи на формирање заедница на српски општини, но не може да предвиди дали тоа ќе биде за три недели, односно до 20 април. – Уште пред да се случи несреќниот случај со Марко Ѓуриќ, нашата влада почна активности околу сите бриселски договори, меѓу другото и за ЗСО.

Минатиот понеделник е одржан состанок на држави од АЕУ (Германија, Британија, Италија и Франција), амбасадорот на САД и претставник на ЕУ. Постои и техничка група што беше двапати во Брисел и работи на имплементација на сите бриселски договори – изјави Пацоли. Според него, српскиот политички фактор би требало да соработува со косовската влада. – Владата е подготвена со брзо темпо да работи на имплементација на сите договори и ЗСО. Дали тоа ќе биде за три недели никој не може да предвиди – изјави Пацоли за „Блиц“.