Словенечкиот претседател, Борут Пахор, изјави дека го поддржува геополитичкиот приоритет на сегашниот самит на вишеградската група. По состанокот на вишеградската група во замокот Лани, тој рекол дека дава поддршка за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

Пахор истакна дека Словенија го поддржува проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан бидејќи тоа доведува до намалување на безбедносните ризици.

Тој рече дека безбедносните ризици на ЕУ ќе се зголемат доколку Западен Балкан не биде интегриран или му се одложува членството.

Тој истакна дека поддршката на В4 и Словенија за целиот регион е многу важна.

– Наша обврска како членки е да ѝ ја објасниме на ЕУ потребата за проширување. Јас разбирам дека некои веруваат оти ЕУ првин треба да се консолидира внатрешно, но предлагам да не забораваме на проширувањето за време на спроведувањето на реформите во рамките на Унијата, особено во Западен Балкан. Може да има лоши последици за ЕУ ако заборави на проширувањето – рече тој.