На аеродромот во Загреб беа повикани пожарникари за помош поради дефект на еден мотор на патнички авион, известуваат хрватските медиуми.

Инцидентот е пријавен од аеродромот во Загреб.

Според информациите на Хрватските воздухопловни навигациски служби, авионот „Ербас 320“ на авиокомпанијата Ер Каиро на летот „MSC2980 Хургада – Дизелдорф“ денес во 15.30 часот побарал итно слетување на аеродромот „Фрањо Туѓман“.

Сите служби на аеродромот во Загреб дејствуваа во согласност со важечкиот план за итни случаи и пропишаната процедура во такви ситуации.

– По слетувањето на авионот, патниците беа сместени во транзитот на патничкиот терминал на аеродромот „Фрањо Туѓман“, каде што чекаат дополнителни инструкции од авиокомпанијата – напишаа од таму.

Според нив, авионот безбедно слетал на аеродромот, каде бил пречекан од пожарникарите.