Босна и херцеговина

Владејачките партии во БиХ загубија на локалните избори во големите градови Сараево, Бања Лука, Тузла, Зеница, Бијељина, а според аналитичарите, тоа е казна за корупцијата. Победата на кандидатот на Партијата за демократски прогрес (ПДП), Драшко Станивуковиќ, кој имаше поддршка од низа опозициски партии, на изборите за градоначалник на Бања Лука е најголемото изненадување на локалните избори во Босна и Херцеговина.
– Ова е порака и до сите наши граѓани, кои поради лошата политика мораа да го напуштат нашиот град, да се вратат во Бања Лука – рече Станивуковиќ.
Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, го призна поразот и рече дека „губењето на Бања Лука не е мал удар“.
Во Сараево, партиите со граѓанска ориентација „Четворка“ – Наша партија, Социјалдемократската партија на БиХ, Народ и правда и Независна босанскохерцеговска листа, ја поразија во неколку општини Партијата за демократска акција (СДА), што се смета за големо свртување на гласачкото тело во главниот град на БиХ, пренесе „Дојче веле“.