Бугарскиот парламент ќе гласа за одлука која би можела да донесе излез од политичката криза предизвикана по повлекувањето на Пламен Николов од номинацијата за премиер. Николов е од партијата „Има таков народ“ која освои најголем број од гласовите на изборите одржани во јули, по што и беше доделен мандат од претседателот Румен Радев.

Бугарскиот парламент ќе гласа за одлуката со која мандатот за формирање влада од „Има таков народ“ е неуспешен, во рамки на првата точка на денешната седница. Во овој случај втората партија по бројот на освоени гласови ГЕРБ треба да добие мандат за формирање влада, според уставната процедура.

Се очекува ГЕРБ да го предложи Даниел Митов за премиер, но потоа да го врати мандатот до Радев. Лидерите на другите партии се надеваат дека бугарскиот претседател потоа ќе го предаде мандатот на БСП или на „Застани БГ. Доаѓаме“, за тие да формираат влада што ќе работи до мај в година, кога би се одржале нови парламентарни избори.

Познавачите на состојбите не ја исклучуваат можноста за нови предвремени парламентарни и редовни претседателски избори во Бугарија на крајот на октомври.