Во Црна Гора денеска се одржуваат парламентарни избори на кои учествуваат шест коалиции и пет политички партии.

Избирачките места беа отворени утрово во 7 часот, а граѓаните ќе гласаат до 20 часот.
Право на глас имаат 540.026 граѓани.

Парламентарните избори ќе бидат единаесетти од воведувањето на повеќепартиски систем во Црна Гора, а петти од прогласувањето независност.

Парламентарните избори ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски.
Во Црна Гора има 1.217 избирачки места.