Папата Франциск утрово во 9 часот по локално време, слета на аеродромот во Бугарија.

Папата ќе биде во дводневна посета на Бугариа, по што со авион ќе слетна на аеродромот Скопје во Северна Македонија.

Во попладневните часови поглаварот на Римокатоличката црква ќе одржи света миса на плоштадот „Кнез Александар“.

На аеродромот тој беше пречекан од бугарскиот премиер Бојко Борисов и од претставници на верските заедници.

Папата утре, на вториот ден од престојот во Бугарија, ќе го посети бегалскиот камп „Враждебна“ во Софија, по што ќе одржи миса во Католичката црква „Пресвето срце“ во градот Раковски, во близината на Пловдив, а во попладневните часови ќе го заврши официјалниот дел од посетата со молитва за мир на плоштадот „Независност“. Во вторник папата од Софија ќе допатува во Скопје.