Атина – Грција за неколку месеци ќе ги затвори големите мигрантски кампови на островите во Егејско Море и ќе ги замени со центри за депортација, рече грчкиот министер за миграции Нотис Митаракис. (РСЕ)

Сараево – Најмалиот износ на средства со кои треба да располага странец при влез во Босна и Херцеговина изнесува 150 конвертабилни марки, или 76 евра, за секој ден престој. („Аваз“)


Бисер балкански

Нема црвени линии

– Ништо не е ни готово ни исклучено, па дури ни промена на границите кога е во прашање Косово. Вашингтон ќе го аминува секое решение околу кое се договориле Србите и Албанците, во тоа нема црвени линии и сè зависи од Белград и од Приштина – Мајкл Карпентер, поранешен претставник на Пентагон, поранешен советник и поддржувач на Џозеф Бајден, и експерт за Балканот.
Според Карпентер, ЕУ, Америка и ОН ќе поддржат одржлив договор. Тој го пренесе личниот став дека и демократите и републиканците во Конгресот се цврсто обединети во поддршката за независно Косово.